Во тек е осветлување на тунелите и клучките на
Коридор 10. Поточно се работи за осветлување на три тунели и тоа два тунели на
потегот Катланово – Велес и еден тунел на потегот Велес – Катланово.
Осветлувањето на тунелите е со ЛЕД сијалици со што значително ќе се зголеми
прегледноста на возачите, а со тоа и безбедноста во
сообраќајот. Исто така ќе се изврши и осветлување пред и после тунелот.
Планираме да извршиме и осветлување на клучката Велес – Север, раскрсницата
Прилеп – Плетвар и раскрсницата кај Крушево. Вкупната инвестиција за овој
проект е 17, 6 милиони денари.
Исто така минатиот месец започнавме и со санација и
поставување на сигнализација на тунелите на државните патишта. Преку овој
проект ќе се санираат 7 тунели и тоа: тунел Блаце, тунел на патот Градско–Прилеп, тунел на патот Битола–Прилеп, тунел на автопатот Велес–Катланово, и трите тунели на автопатот Катланово-Велес.
Вкупната вредност на овој проект е 23,4 милиони денари и се очекува до
крај на година комплетно да бидат завршени.