Министерот за транспорт и врски
Владо Мисаловски изврши
увид во градежните активности за изградба на нова наплатана станица во Романовце, како
дел од проектот за
изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини во
Република Македонија, инвестиција вредна 18,7 милиони евра.
Проектот
предвидува реконструкција на постоечките наплатни станици на Коридорот 10 во
Петровец, Сопот и Отовица, дислокација и изградба на нови наплатни станици во близина на сегашната во Романовце и Градско како и нивно
проширување од постоечките пет на десет сообраќајни ленти и изградба
на две нови наплатни станици во Демир Капија и Гевгелија.
–
Започнуваме со еден исклучително корисен, модерен и долго очекуван проект во
нашата земја. Со него е предвидена инсталација на опрема со која ќе се овозможи
електронска наплата на патарините, ќе се забрза протокот на возила, ќе се
намалат гужвите и застојот на патиштата, ќе се зголеми ефикасноста на наплатата
на патарината и ќе се минимизираат злоупотребите и одговорноста на човечкиот
фактор што беше честа појава во минатото, изјави Никола Груевски.