Комплетно се
осветли тунелот пред Велес. Осветлувањето на тунелот се изврши со ЛЕД сијалици
со што значително ќе се зголеми прегледноста на возачите а со тоа и безбедноста
во сообраќајот. Исто така ќе се изврши и осветлување пред и после тунелот.
Претодно
извршивме и осветлување на тунелот кај катланово на автопатската делница Скопје
Велес. Во скоро време ќе се започне со
работа и на третиот тунел на потегот Велес Катланово и очекуваме некаде до
октомври оваа година да го завршиме
комплетно со осветлувањето.
Планираме во исто
време да извршиме и осветлување на клучката Велес – Север, што се наоѓа на
неколку стотини метри од тука, потоа
раскрсницата Прилеп - Плетвар и раскрсницата кај Крушево. Вкупната инвестиција за овој проект е 17, 6
милиони денари.
Исто така
минатиот месец започнавме и со санација и поставување на сигнализација на
тунелите на државните патишта. Преку овој проект ќе се санираат 7 тунели и тоа:
тунел Блаце, тунел на патот Градско-Прилеп, тунел на патот Битола-Прилеп, тунел
на автопатот Велес-Катланово, и трите тунели на автопатот Катланово-Велес.
Вкупната вредност на овој проект е 23,4 милиони денари и се очекува до крај на година комплетно да
бидат завршени.
Генерално ќе
вложиме околу 670 илјади евра само во санација и осветлување на овие тунели и
клучки.