Во соработка со ЈП за државни патишта ќе започнеме еден инвестициски циклус во кој ќе реконструираме 26 патни правци и тоа регионални патишта и автопатски делници во вкупна должина од преку 420 километри, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на прес конференција, на која ги образложи сите патишта кои во нарениот период ќе бидат реконструирани. 

Во продолжение интегрален текст и видео од обраќањето на министерот Сугарески: 

">

Инвестициите во патната инфраструктура се од клучно значење за економскиот раст и развој на Република Македонија. Во таа насока, како програмска определба на Владата е квалитетно подобрување на патната мрежа во Република Македонија и подигнување на безбедноста на патиштата на повисоко ниво.

За таа цел, во наредниот период ќе влеземе во еден инвестициски циклус од преку 86 милиони евра за реконструкција на патната мрежа во земјата.

Денеска на оваа прес конференција заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта ќе дадеме еден преглед што во следниот период ќе започнеме со реконструкција во делот на патната инфраструктура.

Голем дел од овие патишта ги ветивме во нашата програма, а дел се нови патишта за кои обезбедивме средства од меѓународни финансиски институции.

Во наредниот период фокус ќе ставиме на реконструкција на 26 патни правци, дел автопати, поголем дел регионални патишта со вкупна должина од преку 420 километри и инвестиција од над 86 милиони евра и тоа:

-  Реконструкција на обиколница Кочани, должина од 7 км, проценета вредност од 2 милиони евра.

-  Приширување на левиот коловоз и реконструкција на двата коловози на патен правец Катланово-Петровец, должина 6,5 км, проценета вредност 5 милиони евра.

-  Реконструкција на автопатска делница Миладиновци-Петровец, должина 8 км, проценета вредност 1,5  милиони евра.

-  Реконструкција на автопатската делница Хиподорм - Петровец, должина 10 км, проценета вредност 4 милиони евра.

-  Реконструкција на автопатска делница Миладиновци-Хиподром, должина 10 км, проценета вредност 4 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Пробиштип–Крупиште, должина 18 км, проценета вредност 6 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Маврови Анови-Жировница, должина 20 км, проценета вредност 4 милиони евра.

-  Реконструкција на трета лента на патен правец Фаришка клисура -Прилеп, должина 23 км, проценета вредност 6 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Штип–Радовиш, должина 20 км, проценета вредност 3 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Кривогаштани-Крушево, должина 13 км, проценета вредност 2 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Карпалак - Желино, должина 16 км, проценета вредност 2,5 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Крива Паланка-Ранковце, должина 21 км, проценета вредност 3 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Скопје-Блаце, должина 12,5 км, проценета вредност 3 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Подмољњ-Струга-Ќафасан  должина 19 км, проценета вредност 3 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Куманово- Свети Николе, должина 18 км, проценета вредност 3,5 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Битола-Меџитлија, должина 13 км, проценета вредност 2 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Битола-Демир Хисар, должина 12 км, проценета вредност 1,8 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Крушево - Демир Хисар, должина 24 км, проценета вредност 3,5 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Катланово-Велес, должина 20 км, проценета вредност 3,2 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Куманово-Опае, должина 8 км, проценета вредност 1 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Велес-Градско-Неготино-Демир Капија, должина 25 км, проценета вредност 4 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Никуштак-Куманово, должина 12 км, проценета вредност 2,5 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Другово-Демир Хисар, должина 42 км, проценета вредност 7,5 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Македонска Каменица-Саса, должина 10 км, проценета вредност 1,5 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Кичево-Македонски Брод, должина 25 км, проценета вредност 5 милиони евра.

-  Реконструкција на патен правец Узем-Тораница, должина 9 км, проценета вредност 1,5 милиони евра.

На крај би сакал да потенцирам дека ќе продолжиме со реконструкција и изградба на сите патишта со состојбите кои ги затекнавме и за кои веќе информиравме за настанатите проблеми. Целиот овој период го поминавме во отстранување на таквите состојби за да може во следниот период без никакви проблеми да течат изградбите на терен.